You are here
Home > кујна > Кои се предностите, а кои недостатоците на вегетаријанската диета?

Кои се предностите, а кои недостатоците на вегетаријанската диета?

Вегетаријанската диета помага при ослободување на вишок килограми, го намалува ризикот од хроничните заболувања и ја подобрува целокупната здравствена состојба. 

Многу диети не се премногу здрави, а помагаат само при ослободувањето на килограмите, додека негативно влијаат на вашето здравје. За разлика од нив, вегетаријанската исхрана, кога правилно се применува, може да го подобри вашето здравје.

Постои значајна разлика помеѓу вегетеријанската и веганската диета. Вегетаријанците не јадат месо и риба, но јадат јајца и млечни производи, додека веганите је избегнуваат целосно храната од животинското потекло.

Ако се прашувате колку е тешко да се спроведува вегетаријанската диета, тоа најмногу зависи од тоа колку го сакате месото.

Вегетаријанците внесуваат помал износ на калории во организмот, а доколку вашата исхрана е базирана врз овошје и зеленчук, тоа ќе ви даде чувство на ситост и дефинитивно ќе го намали внесот на калориите.

Постојат намирници базирани врз основа на брашно или пржени компири кои треба да се избегнуваат. Исто така , треба да се избегнуваат газирани сокови.

Дали вегетаријанската исхрана е здрава? Вегетаријанците внесуваат многу влакна, но вашата исхрана мора да биде разновидна, а протеините од месото треба да ги заменувате со протеини од растително потекло.

Недостатокот на калциум, витамин Д, цинк и витамин Б12, кои се карактеристични за вегетаријанската исхрана, можат да предизвикаат одредени нарушувања, како загрозеност на структурата на коските, спречување на растот на децата или производство на црвени крвни клетки.

Leave a Reply

Top