You are here
Home > култура > Универзални животни лекции од најпродаваните книги на сите времиња

Универзални животни лекции од најпродаваните книги на сите времиња

Низ годините книгите биле вистински духовни водичи. Тие нудат животни лекции, забава, едукација, бегство од секојдневниот живот, а некои од нив го промениле и текот на историјата. Во продолжение погледнете некои од најпродаваните книги на сите времиња, како и животните лекции што можеме да ги научиме од нив.

1. Серијалот „Хари Потер“ – Џ. К. Роулинг (Harry Potter)

Серијалот којшто се состои од 7 книги е продаден во над 500 милиони копии. Всушност само првиот дел, „Хари Потер и каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Philosopher’s Stone) бил продаден во 120 милиони копии ширум светот. Цела генерација порасна читајќи ги приказните за момчето волшебник, Хари, и неговите пријатели.

Овие книги раскажуваат приказна за пријателство, надминување на тешкотиите, скршени срца, храброст и откривање на вашето вистинско јас. Генијалноста на Роулинг им помогна на милиони деца и возрасни да се справат со малтретирањето, загубата и чудните тинејџерки години.

„Ако сакаш да знаеш каков е човек, погледни како се однесува со оние подолу од него, не со оние кои се еднакви на него.“

2. Серијалот „Господарот на прстените“ – Џ. Р. Р. Толкин (The Lord of the Rings)

Прв пат објавен во поствоена Британија како трилогија, овој популарен серијал оттогаш бил продаден во 150 милиони копии. Ако се земе предвид и книгата претходник на серијалот, „Хобитот“ (The Hobbit), бројката се зголемува на неверојатни 250 милиони продадени копии. Многу од темите што се сретнуваат во „Хари Потер“ се присутни и овде, но се претставени за возрасни. Една од најважните лекции што можете да ги научите од ова ремек-дело е моќта на милоста и прифаќањето дека не можеме да го контролираме универзумот.

„Многу што живеат заслужуваат смрт. А некои кои умираат заслужуваат живот. Можеш ли да им го дадеш? Тогаш не биди желен да даваш смртна пресуда. Дури и најмудрите не можат да ги видат сите краеви.“

3. „Малиот Принц“ – Антоан де Сент-Егзипери (Le Petit Prince)

Од првото издание во 1940-тите, оваа книга е продадена во 140 милиони копии ширум светот и е класика за читателите од секоја возраст. Една од најголемите моќи на ремек-делото на Антоан е тоа што ги учи децата ако да бидат добри луѓе. Другата е тоа што ги потсетува возрасните на овие лекции. Без разлика дали е важноста за создавање здрави врски, грижата за околината, грижата за себе и нашето емоционално здравје или барањето под површината и очигледното, „Малиот принц“ ги подготвува сите за светот на возрасните.

„Луѓето повеќе немаат време да разберат ништо. Ги купуваат сите работи готови од продавници. Но никаде нема продавница каде што можете да купите пријателство, а толку многу луѓе веќе немаат пријатели.“

Leave a Reply

Top