You are here
Home > кујна > Три пијалаци со кои ќе го забрзате метаболизмот

Три пијалаци со кои ќе го забрзате метаболизмот

Секако дека треба да внимаваме на исхраната и физичката активност кога станува збор за слабеењето, но работата на метаболизмот е исто така многу важна.

Па така, доколку имате потреба да ја забрзате неговата работа, постојат пијалаци кои се идеални за тоа. Можете да ги подготвите сами дома, со намирници кои се лесно достапни или пак, веќе ги имате во домаќинството.

3 пијалаци кои го забрзуваат метаболизмот:

Кефир со зачини

Во 1 шолја кефир, додадете 1 лажица цимет, 1 лажица мед и малку изрендан ѓумбир. Сите состојки измешајте ги добро и пијалакот е подготвен.

Кефирот е одличен за варењето на храната и го забрзува активното работење на желудникот, како и отстранувањето токсини.

Пијте го пијалакот 2 пати на ден, наутро на празен стомак и навечер, пред спиење.

Јаболко со цимет

Исечкајте едно јаболко на тенки парчиња и прелијте ги со 300 ml вода. Потоа, додадете 10 лажици мелен цимет. Измешаните состојки нека отстојат 2 часа на ладно место пред консумација. Пијте го пијалакот пред спиење.

Јаболката се богати со влакна, а циметот е познат по своите корисни својства, како забрзување на метаболизмот и согорувањето на масти.

Меден пијалак

Ставете пола лажица мелен цимет во една чаша вода. Кога водата и циметот малку ќе провријат, покријте ги и нека отстојат 30 минути, додадете 1 лажица мед во пијалакот и повторно измешајте. Пијте го 2 пати на ден – наутро на празен стомак и навечер.

Медот е еден од најефективните намирници кои го забрзуваат метаболизмот, а заедно со циметот се одличен пар за губење на тежината.

Leave a Reply

Top