You are here
Home > актуелно > „Increasing quality of activities targeting rural youth”, трета активност: А3 – тренинг курс во Лесковац – Србија

„Increasing quality of activities targeting rural youth”, трета активност: А3 – тренинг курс во Лесковац – Србија

Проектот „Increasing quality of activities targeting rural youth” се одвива во периодот од 14. – 22.07.2019 во Лесковац, Србија. Овој настан е тренинг курс и претставува трета активност на истоимениот проект. Проект е финансиран од Европската Комисија преку програмата Еразмус + и имплементиран од невладината организација „Youth Workers Alliance Vranje“. Тренинг курсот вклучува учесници од партнерски организации од 6 земји.

Партнери се младински организации кои доаѓаат од Северна Македонија – Next Generation, Црна Гора –MladiInfo Montenegro, Косово -OAPA, Грција- International Centre for Sustainable Development и Данска –Draft Copenhagen. Партнерите имаа можност да ја презентираат состојбата на младите во руралните средини и да споделат добри и лоши искуства и методи кога станува збор за работа со таа целна група.

Клучно прашање кое се однесува на проектот „Зголемување на квалитетот на активностите насочени кон руралната младина“ е недостатокот на можности за личен и професионален развој на младите луѓе (16 – 30 год.) кои доаѓаат од руралните средини на земјите партнери. Тие немаат пристап до квалитетни слободни активности, услуги или информации за локални, регионални, национални или меѓународни проекти отворени за млади.

Тренинг курсот се состои од неколку делови. Првиот дел на учесниците им овозможува простор за споделување и размислување околу идентификација на можните пречки и предзвици со кои се соочуваат младите од руралните средини, но исто така развивање идеи за тоа како да ги надминат.

Вториот дел се фокусира на развивање на компетенции и вештини кај учесниците да овозможат и имплементираат квалитетни и атрактивни активности кај младите рурални средини. Учесниците учествуваат во дискусии, дебати, симулации, играње улоги и разни методи и техники преку кои учат и се изразуваат креативно.

Потоа учесниците се фокусираат на развивање на своите капацитети за вклучување на заедницата во нивната работа со руралните средини, но исто така и спроведување на активности што доведуваат до позитивни промени во нивната заедница.

Последниот дел од обуката се фокусира на планирање активности за градење капацитети.

Leave a Reply

Top