You are here
Home > актуелно > Младинска размена на тема “Do It” одржана во Фуглебјерг – Данска од 06-13 август, 2019 год.

Младинска размена на тема “Do It” одржана во Фуглебјерг – Данска од 06-13 август, 2019 год.

Младинска размена на тема “Do It” беше оддржана во период од 06 до 13 август, 2019 година во Фуглебјерг, Данска. Н размената учество земаа 60 учесници од 6 земји: данска, Литванија, Турција, Полска, Унгарија и Македонија. Од македонија 8 учесници и 2 тим лидери ја претставуваа организацијата Младински Совет Нова Генерација. Целта на овој проект беше да им даде можност на младите да се запознаат и да разменат искуства во областа на проектен менаџмент, да ги усовршат своите вештини и да создадат простор за личен и професионален развој.

Преку неформално образование и различни работилници, презентации, тимски активности и дискусии, младите имаа можност да ги зајакнат своите меки вештини во однос на лидерство, комуникација, презентација, управување со конфликти и решавање на проблеми но и да ги применуваат практично. Во текот на оваа размена, младите упчесници имаа можност да учат од успешно спроведени локални и меѓународни младински проекти. Исто така учесниците имаа можност детално да се запознаат со Ерасмус+ програмата и сите можности кои ги нуди, како и да се поттикнат и мотивираат младите да учествуваат во разни други програми.

Секоја земја, за време на проектот имаше можност да се претстави за време на интеркултурните вечери кои беа организирани од самите учесници преку разни квизови, храна, танци и песни,  и тоа претставуваше можност за учесниците од другите земји да научат нешто повеќе еден за друг

Проектот беше финансиран од програмот Еразмус Плус на Европската Комисија и сите учесници за успешно имплементирана размена добија сертификати YouthPass.

Leave a Reply

Top