You are here
Home > актуелно > Младинска размена “ Градиме Инклузивно Општество: Сите се Добредојдени“ – 11-19 Септември, Истанбул, Турција

Младинска размена “ Градиме Инклузивно Општество: Сите се Добредојдени“ – 11-19 Септември, Истанбул, Турција

60 млади луѓе од најразлични делови од Европа беа дел од младинската размена на тема  “Building Inclusive Society: Everyone Welcome“ кој се одржа во градот кој изобилува со историја, архитектура и убавина како ретко кој во светот. Ориенталниот вкус на Инстанбул допринесе за пријатната атмосфера која преовладуваше во текот на овој проект.  Младите учесници целосно оддадени на своите задачи, преку неформалните методи кои ги нуди Ерасмус + програмата, придонесоа кон создавањето и зајакнување на еднакви родови општества.

На учесниците им беше дадена можност да размислуваат за сопствениот родов идентитет,како и за начинот на кој општеството ги перцепира различните родови. Младите го зголемија своето знаење за родовата еднаквост и за механизмите што водат кон создавање на еднакви родови и отворени општества, но и за нивната улога во целиов овој процес.

Сојалните мрежи и YouTube каналот беа искористени за да се информираат младите луѓе колку навистина е голема половата и родовата дискриминација, а особено на ЛГБТ заедницата. Во текот на оваа размена младите имаа можност да учат од успешно спроведените младински проекти и детално беа запознаени со Ерасмус + програмата и сите можности која таа ги нуди. Вечерните часови беа исполнети со многу забава, дружба, насмевки и неформални разговори.

Leave a Reply

Top