You are here
Home > актуелно > Се оддржа младинска размена “Throwback to Traditions, United through Sports” во Шведска

Се оддржа младинска размена “Throwback to Traditions, United through Sports” во Шведска

Младинската размена „Throwback to Traditions, United through Sports“ финансирана од Еразмус + програмата официјално заврши, но остави големи белези на учесниците и незаборавни спомени.

60 учесници од 6 различни земји се собраа 9 дена во кампот Bockaberg, Floda – опкружен со прекрасната шведска природа. 60 учесници имаа можност да го истражат спортот како алатка за инклузија и да придонесат со споделување на искуства и заеднички практики од нивните земји.

Проектот беше организиран и домаќин беше шведската организација NGO Positive Youth, координиран од организацијата од Северна Македонија NGO Next Generation, а партнри беа Youth Season Association од Турција, Bravi Ragazzi од Италија, Backslash од Шпанија и FOREGROUND Foundation од Бугарија. Проектот се одржа во Флода, Шведска.

Проектот беше создаден со цел да се обезбеди искуство на учесниците и активности за меѓу интеркултурно учење на сите вклучени учесници. Самата програма беше насочена кон личен развој преку спорт и активности на отворено, со цел да се донесе поголема свесност за еднаквоста во секојдневниот живот за сите луѓе вклучени во спортот и да им се даде на учесниците информации и знаења за темата, како и да ги мотивираат учесниците да го шират своето искуство понатаму.

Leave a Reply

Top