You are here
Home > актуелно > Младинската Размена На Тема ”WE CAN” ги собра младинските работници од 7 земји во Лондон

Младинската Размена На Тема ”WE CAN” ги собра младинските работници од 7 земји во Лондон

Одлично место опкружено со природа, 7 држави се дружеа, работејќи во мешани групи, создавајќи проекти – вака уживавме за време на младинската размена „We Can“ што се случи во Лондон во период од 20 до 28 февруари. Сместени во извидничкиот камп Paccar, учесниците доживеаја културно проширување на своето знаење, научија нови работи, ги разбија стереотипите и ги проширија нивните хоризонти.

Велика Британија како домаќин ги пречека Северна Македонија, Турција, Бугарија, Романија, Словенија и Италија. Деновите беа исполнети со различни работилници кои обезбедија информации и доволно простор за споделување на искуство, на тема управување со проекти и програмата Еразмус +, а во текот на вечерните часови учесниците имаа можност да уживаат во Интеркултурните вечери со многу различни танци, презентации за нивните земји и дегустација на храна.

Основната цел на овој проект беше да се зголеми претприемничкото размислување на младите луѓе, вклучително и младите со помалку можности и да се развијат нивните вештини за реализација на меѓународни активности за мобилност со поддршка на Еразмус + Програмата.

За да се постигнат целите на проектот, секој ден се организираа различни работилници од страна на лидерите на групите, кои претходно ја подготвија програмата и преку различни неформални методи, ги искусија сите чекори на управување со проекти, имаа можност да научат и да стекнат практични искуства што подоцна можат да ги пренесат на своите врсници и да работат на вистински проблеми во нивната заедница. Многу креативни идеи беа развиени и работени, и ние сме среќни што можеме да кажеме дека овој проект имаше многу успешна реализација.

Учесниците исто така имаа можност во текот на разни сесии да го продлабочат своето знаење за програмата Еразмус + и нејзините можности.

Во текот на овој проект, учесниците имаа можност да запознаат нови луѓе, да добијат меѓународни искуства и да си направат убави спомени кои ќе траат.

Leave a Reply

Top