You are here
Home > актуелно > Младинска размена “Screen Free”, 02 – 10 Mарт – Лондон, Англија

Младинска размена “Screen Free”, 02 – 10 Mарт – Лондон, Англија

Еднонеделен проект, зaпочна на 2ри и заврши на 10ти Март, 2020, во Лондон, Англија. Учествуваа 50 млади претставиници на организации од 7 различни земји: Англија, Северна Македонија, Полска, Италија, Бугарија, Грција и Турција.

За време на тие 7 дена, учесниците се запознаваа меѓусебно, постојано работеа на истражување на позитивните и негативните страни на социјалните медиуми, беа дел од забавни сесии на кои имаа можност да ги покажат своите актерски способности, своите мислења и да ја изразат својата креативност. Учесниците научија и нешто повеќе за Еразмус + програмата, пишување и имплементирање проекти.

Во однос на негативните страни на социјалните медиуми ја разработуваа темата за Cyberbullying, за нарушување на приватноста на интернет, зависноста од користење на социјалните мрежи, нарушување на менталното здравје, шерење на говор на омраза и сл. Се гледаше и филмот “Cyberbully” кој учесниците подоцна го анализираа подлабоко и дискутираа на темата на негативните ефекти на социјалните медиуми.


Но, потоа се насочија кон позитивните страни што социјалните медиуми можат да ги донесат и тоа: креирање кампањи за позитивни промени во локалната заедница и општеството, зголемување на свесноста за некои проблеми и настани, собирање донации, промовирање граѓанска ангажираност, подобрена комуникација на далечина, инспирирација за отварање бизниси и тн.

Секој ден започнуваше со различни забавни енерџајзери, по кои учесниците учествуваа сконцентрирано на работа во мешани групи на сесиите. Сесиите содржеа примери од секојдневието на младите, каде тие разменуваа различни идеи од нивните земји.

Главната работа која учесниците ја научија преку работилниците е дека, иако доаѓаат од различни земји, култури и националности, тие се соочуваат со слични проблеми, по што се фокусираа на одредени идеи за разрешување на тие прашања.

На крајот на секој ден имаа забавни активности како интеркултурни вечери каде што секоја земја претстави дел од својата историја, традиција, музика, танци и храна, потоа имаше и натпревари во танцување, караоке, ноќ за друштвени игри каде што телефоните беа забранети неколку часа и сл.

На крај учесниците си отидоа дома полни со спомени, нови научени работи, зголемени презентациски вештини, подобрен англиски јазик, нови пријателства кои ќе траат многу години, но и по некоја љубов.

Leave a Reply

Top