You are here
Home > актуелно > Младинска Размена ‘Our Rights, Human Rights’ 8 – 16 Јануари 2020 – Хвалсо, Данска

Младинска Размена ‘Our Rights, Human Rights’ 8 – 16 Јануари 2020 – Хвалсо, Данска

Од 8ми до 16ти Јануари 2020 година, 60 млади луѓе од Европа: Велика Британја, Данска, Литванија, Република Северна Македонија, Турција и Унгарија завземаа учество во младинската размена ‘Our Rights, Human Rights’ (Наши Права, Човекови Права), во Хвалсо, Данска.

Преку најразлични неформално едукативни методи, како на пример, презентации, дискусии, креативни работилници, симулации, итн., имаа можност да се здобијат со знаења и вештини поврзани со човековите права.

За време на проектот беа отворени најактуелните теми и проблеми во нивните земји, но исто така се дискутираше и за глобалните предизвици во врска со човековите права, како на пример долгогодишната криза на имигранти и бегалци во Европа. 

Младинската размена беше насочена кон развивање на емпатија, прифаќање на различности и здобивање на лични вештини, преку промовирање на демократијата, солидарноста, човековите права и владеењето на правото во општеството.

Исто така, учесниците имаа можност да работат во интеркултурна средина, да разменат мислења и идеи и да ги скршат стеретипите и предрасудите меѓусебе. Покрај тоа, тие организираа и интеркултурни вечери каде што се промовираа различни традиции, обичаи, како и интересни факти и типична храна и пијалаци.

Leave a Reply

Top