You are here
Home > актуелно > Младинска размена ‘My Culture – Traditional Games & Sports’ 10 – 19 Март 2020 – Лондон, Велика Британија

Младинска размена ‘My Culture – Traditional Games & Sports’ 10 – 19 Март 2020 – Лондон, Велика Британија

На 10ти март 2020 година, 60 учесници од 6 различни европски земји: Велика Британија, Република Северна Македонија, Србија, Романија, Полска и Турција завземаа учество во младинската размена ‘My Culture – Traditional Games & Sports’ во Лондон, имплементирана во рамките на Еразмус+ програмата.

Проектот се фокусираше на употреба на спортските активности и традиционалните игри како алатки за социјално вклучување и активно учество во социјалниот живот, коишто истовремено промовираат вредности како што се – солидарноста, различностите, инклузијата и интеркултурата. Оттука, проектот беш насочен кон развивање вештини за личен развој преку учество во спортски активности со цел да се зголеми свесноста за еднаквост и да се овозможи вклучување на луѓе од различни маргинализирани групи. Исто така, младинската размена беше одлична можност за интеркултурно учење и разменување на искуства и идеи помеѓу млади луѓе од најразлични културни позадини. 

Неспорен е фактот дека спортот и игрите претставуваат моќна алатка за развој и учење. Всушност, спортските активности промовираат активно учество, инклузија, човечки вредности, прифаќање на правила, дисциплина, промоција на здрав живот, ненасилство, толеранција, родова еднаквост, тимска работа, меѓу другото. Во таа насока, учесниците на младинската размена ‘My Culture – Traditional Games & Sports’ (Моја култура – Традиционални игри & спортови) имаа можност да бидат дел од најразлични неформално едукативни активности, како на пример, интерактивни презентации, креативни работилници, игри на улоги и сл., коишто кулминираа во спортски настан во Гринвич паркот, подготвен, организиран и имплементиран од страна на самите учесници. 

Гринвич спортскиот настан беше официјално отворен со британската химна и традиционално пиење на чај со синхронизирани движења. Понатаму, следеа штафетни игри, каде што учесниците поделени во 2 групи учествиваа во најразлични спортски игри – прескокнување пречки, лимбо, вртење во круг, балансирање книга на глава, скокање на една нога, итн. На крај, настанот беше затворен со играње Зумба како завршна церемонија.

На овој ЛИНК можете да го огледнете и нашето видео !!

Leave a Reply

Top