You are here
Home > актуелно > ‘Inspiration’ Младинска размена, 1 – 9 февруари 2020, Истанбул, Турција

‘Inspiration’ Младинска размена, 1 – 9 февруари 2020, Истанбул, Турција

Inspiration (Инспирација) е проект поддржан од Еразмус+ програмата којшто се одржа во Истанбул, Турција од 1ви до 9ти февруари 2020 година. Организацијата Младински Совет Нова Генерација од Република Северна Македонија беше партнер организација на проектот заедно со уште 5 други организации од Европа, и тоа: Турција, Велика Британија, Литванија, Латвија и Германија. Така, оваа младинска размена обедини 60 млади луѓе со цел да ја покрене свеста кај младите луѓе дека музиката претставува моќна алатка за социјална инклузија и личен развој. Всушност, овој проект им овозможи на учесниците да ја искористат музиката како едукативна алатка за поттикнување социјални промени, како и за развивање на меки вештини.

За време на младинската размена, учесниците имаа можност да презентираат најразлични традиционални песни и танци од нивните земји. Па така, проектот кулминираше со финален настан којшто се одржуваше во културен центар во Истанбул, организиран од страна на учесниците, каде што дел беа вклучени во свирење инструменти, а други во пеење и танцување. Беа изведени вкупно 6 песни, една на македонски, една на литвански, една на туркски и две на англиски јазик. Потоа, се играа ора, пајдушкото оро како македонско оро, три турски ора и две латвиски. Па, така учесниците на проектот испратија порака до публиката присутна на настанот дека музиката како уметничка форма може да обедини луѓе од најразлични земји и да им овозможи да склопат пријателства и да промовираат вредности како што се културните разлики, солидарноста и толеранцијата.

Leave a Reply

Top